Велес на 29.05.2015 год, беше домаќин на 44-тиот Државен натпревар на непрофесионален филм.
За учество биле пријавени 44 дела во пет категории: документарен, краток игран, експериментален, анимиран и едноминутен филм.
Жири комисијата во состав: Илинденка Петрушева, Јордан Витанов и Миле Петковски ќе одлучува за најдобрите во сите категории. Организатори на фестивалот се Кино сојузот на Македонија, Народна техника на Македонија и велешкиот театар.
За потсетување за оние кои го љубат аматерскиот филм да кажам дека последниот Државен натпревар кои се одржа во Велес беше во далечната 1997 год.во организација на кино клубот „Вила зора“ во тогашниот пионерски дом-денес сала „Брли мугри“. За разлика од овогодинешниот фестивал во полна сала. Тоа беше златното време на аматерскиот филм во Велес а јас би рекол и во Македонија.
Зошто го именувам како аматерски филм. Бидејки до ова време така се именуваше работата на љубителите на оваа уметност. Покасно се употребуваше терминот алтернативен филм, што имаше и тежина на овој израз бидејки секако е алтернатива на професионалниот филм кој занае да тежи иљадници па до не колку милиони евра. Напоменувам дека аматерите-алтернативците ова го работат од љубов и без никаква парична помош, со опрема и техника која сами ја обезбедуваат. Честопати нивните филмски дела се далеку уметнички и креативно подобри од професионалните кои чинат солиден, честопати несфатливо висок износ на пари. Најчесто авторот на алтрнативниот филм е сам. Зад него не стои екипа од десетина до стотинана стручни лица. Е затоа овој труд и љубов кон филмот треба да се негува.
За жал мислам дека денешниот алтернативен филм е во стагнација, да не речам во криза. Со огромен интерес ги проследив сите номинирани филмови нооо....едно големо разочарување ,со исклучок на два-три филма.
Зошто алтернативниот фил е во стагнација?
Причини многу:
До воведувањето на деветолетката во образовниот систем во предметот техничко образование имаше содржини каде учениците системски ги учеа основите на филмот.За жал тоа веќе не е така.
Народна техника на Македонија и Кино сојузот на Македонија организираа летни работилници - видео и фото школа која по традиција се изведуваше во Струга. На овие работилници 50-на млади секоја година се запознаваа со тајните на оваа вештина.
Неможе а да не се спомене и уделот на новата-дигиталната техника која за жал кај повеќето негативно делуваше.Денес секој мисли дека „знае“ да фотографира или да снима. Ако тоа што се фотографирало или снимило не е добро, едноставно се брише па повторно се снима или фотографира... и се така во недоглед. Згора на се целата постапка не кошта од економски аспект ништо. Како со една реченица на некого да му објасниш дека не е се завршено со самото притискање на чкрапалото. Како со една реченица да се објасни дека фотографирањето-снимањето е осмислен процес зад кого се крие знаење, чуство за проценка на светлина, естетика, креативност и уште иљадници ситни нешта, кои се потребни за да напрафиш нешто што гледачот ќе го залепи за столица и ќе му ја раскаже целата приказна.
За крај
Аматерски филм - велиме за човек кој претежно не знае а мисли дека знае.
Алтернативен филм - тоа значи замена за професионалниот без пари.
Непрофесионален филм - не е професионално-стручно изработен филмот.
Дајте луге еднаш за секогаш да се договориме како ќе го именуваме ова работење на неколку стотици луге кои сеуште вложуваат огромна љубов и работа .
За учество биле пријавени 44 дела во пет категории: документарен, краток игран, експериментален, анимиран и едноминутен филм.
Жири комисијата во состав: Илинденка Петрушева, Јордан Витанов и Миле Петковски ќе одлучува за најдобрите во сите категории. Организатори на фестивалот се Кино сојузот на Македонија, Народна техника на Македонија и велешкиот театар.
Гран При - највисоката награда на
Државниот фестивал на непрофесионалниот филм му припадна на Александар
Андоновски од Прилеп за филмот „Свадва.док“.Филмот е приказна за двајца
прилепчани кои како сниматели на свадби за да живеат и создаваат документарци
за своја душа, го освои жирито на фестивалот кој викендов се одржа во Велес.
Зошто го именувам како аматерски филм. Бидејки до ова време така се именуваше работата на љубителите на оваа уметност. Покасно се употребуваше терминот алтернативен филм, што имаше и тежина на овој израз бидејки секако е алтернатива на професионалниот филм кој занае да тежи иљадници па до не колку милиони евра. Напоменувам дека аматерите-алтернативците ова го работат од љубов и без никаква парична помош, со опрема и техника која сами ја обезбедуваат. Честопати нивните филмски дела се далеку уметнички и креативно подобри од професионалните кои чинат солиден, честопати несфатливо висок износ на пари. Најчесто авторот на алтрнативниот филм е сам. Зад него не стои екипа од десетина до стотинана стручни лица. Е затоа овој труд и љубов кон филмот треба да се негува.
За жал мислам дека денешниот алтернативен филм е во стагнација, да не речам во криза. Со огромен интерес ги проследив сите номинирани филмови нооо....едно големо разочарување ,со исклучок на два-три филма.
Зошто алтернативниот фил е во стагнација?
Причини многу:
До воведувањето на деветолетката во образовниот систем во предметот техничко образование имаше содржини каде учениците системски ги учеа основите на филмот.За жал тоа веќе не е така.
Народна техника на Македонија и Кино сојузот на Македонија организираа летни работилници - видео и фото школа која по традиција се изведуваше во Струга. На овие работилници 50-на млади секоја година се запознаваа со тајните на оваа вештина.
Неможе а да не се спомене и уделот на новата-дигиталната техника која за жал кај повеќето негативно делуваше.Денес секој мисли дека „знае“ да фотографира или да снима. Ако тоа што се фотографирало или снимило не е добро, едноставно се брише па повторно се снима или фотографира... и се така во недоглед. Згора на се целата постапка не кошта од економски аспект ништо. Како со една реченица на некого да му објасниш дека не е се завршено со самото притискање на чкрапалото. Како со една реченица да се објасни дека фотографирањето-снимањето е осмислен процес зад кого се крие знаење, чуство за проценка на светлина, естетика, креативност и уште иљадници ситни нешта, кои се потребни за да напрафиш нешто што гледачот ќе го залепи за столица и ќе му ја раскаже целата приказна.
За крај
Аматерски филм - велиме за човек кој претежно не знае а мисли дека знае.
Алтернативен филм - тоа значи замена за професионалниот без пари.
Непрофесионален филм - не е професионално-стручно изработен филмот.
Дајте луге еднаш за секогаш да се договориме како ќе го именуваме ова работење на неколку стотици луге кои сеуште вложуваат огромна љубов и работа .
Јас сум за АЛТЕРНАТИВЕН филм