Истакнат пост

Некои податоци просто се невероватни

Некои податоци се просто невероватни,зачудувачки. На прв поглед изгледа дека нема некоја директна врска со техниката и технологијата , но ...

Државен натпревар = Македонска Каменица / 2019


На ден 06.04.2019 год. ќе се одржи Државен натпревар на клубови на млади техничари и природници . Домаќин на натпреварот  е Македонска Каменица. 


Учениците кои се во екипата на град Велес  тргнуваат со посебно организиран превоз од т.н. место Круг - Електродистрибуција во 07.оо час. 


Во Велешката екипа има 7 учесници од ООУ Блаже Конески а од дисцплините кои ги покрива техничко образование :


1.Трајковска Ања V-то - Бродомоделарство;
2.Костова Матеа - VII-мо - Градежништво и архиктетура и
3.Димова Кети -VIII-мо- Фоттехника


 На сите учесници од велешката екипа посакувам голем индивидуален успех.


05.04.2019

Регионален натпревар на млади техничари и природници - Велес 2019

                Согласно програмата за работа на Здружението на техничка култура Народна техника  Велес,програмата за работа на Министерството за образование и наука на РМ :

                   












                         





На ден 16.03.2019 год (сабота) со почеток во 9.оо час. во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ во Велес ќе се одржи Регионален натпревар .

Поради тоа што 16.03.2019 год. ќе се одработува наставен ден за понеделник (еден од деновите продолжување на зимскиот распуст) натпреварт ке се одржи истиот ден но со почеток од 12.оо час.




                   











  Државниот напревар ќе се одржи на 06.04.2019 год. во Македонска Каменица




Низа години натпреварите се одржуваа во втората половина од месец Мај. Од неодамна натпреварите се одржуваат во месец Април а оваа учебна година во месец Март.Сметам дека е многу рано бидејки наставната прорама до средината на месец Март е реализирана околу 2/3.Со ова се намалува  квалитетот на натпреварот.

 27.02.2019

Одложен стартот на второто полугодие


                 Почетокот на второто полугодие во учебната 2018/2019 год. е одложен за два дена. Учениците наставата ќе ја започнат на 23.01.2019 год. секое училиште во вообичајните смени.
                 Владата соопшти дека оваа одлука е донесена денес (20.01.2019) преку итна координација на Министерствата за образование, животна средина и здравство со која се продолжува зимскиот распуст за сите јавни и приватни основни и средни училишта.Доколку загагувањето продолжи ќе има и продолжување на зимскиот распуст.
20.01.2019

Распоред за почетокот на учебната 2018/19 година

Распоред за почетокот на учебната 2018/19 година

ОУ Блаже Конески - прво, второ, трето, четврто, 5-1,5-2,  шесто и осмо одделение од 7,30 ч
попладне од 13 ч -  5-3, 5-4, 5-5, седмо и деветто одделение

Резултат со слика за blaze koneski velesОУ Васил Главинов второ, четврто, шесто и осмо одделение како и прво од 7,30 ч
попладне од 13ч. трето, петто, седмо и деветто одделение.

Во подрачното училиште во село Бузалково каде настава посетуваат  400 деца од 7 ч. се учениците од шесто до деветто одделение а од 13ч. се учениците од прво до петто одделение. 

Учениците од ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот и ОУ Благој Кирков, дополнително ќе бидат информирани за почетокот на наставата.  

ОУ Свети Кирил и Методиј сите од 8ч.

ОУ Рајко Жинзифов од Горно Оризари  сите од 8 ч.

ОУ Стојан Стојчевски Буридан  од Иванковци   од прво до петто од 7,30 од шесто до деветто одделение од 13ч.

Гимназија Кочо Рацин од 7,30ч
Економска ,,Јовче Тесличков,, од 7,30 
Коле Неделковски  прва и трета од 7,30ч 
втора и четврта од 13,30ч
Хемиска ,,Димитрие Чупоски,, од 13,30 ч.
31.08.2018

Државен натпревар ма млади техничари и природници - Велес 2018

                  На ден 15.04.2018 год. во ООУ „Блаже Конески“  Велес се одржа 55-ти Државен натпревар во организација на Народна техника и Сојузот на клубови на млади техничари и природници на Република Македонија.
Свеченото отварање започна во 9.30 час.а натпреварувачкиот дел започна во 10.00 час.Најдобрите ученици-победници на Регионалните натпревари се натпреваруваа  во 23 облати од техниката и природните науки.



Учениците од ООУ„Блаже Конески“ од Велес како дел од екипата на велешкиот регион  зедоа учество во 6 натпреварувачки дисциплини.
Учениците : 
  1. Димитар Коцев  - Бродомоделарство  освои 2 место
  2. Љупче Ингилизов   -Применета математика 2 место
  3. Матеј Гелев  - Екологија 2 место.

       Свечено доделивање на медаљи на учениците кои беа прогласени за победници во   натпреварувачките дисциплини  се одржа во 16.оо часот.

             Вработените и учениците кои беа вклучени во реализација на натпреварот несебечно се потрудија да бидат најдобри домаќини. 
            Голема благодарност до ученицит и вработените за успешно организираниот натпревар кој според многумина беше најдобар досега организиран.

* клик на фотографија за голем приказ
   16.04.2018