Донирај, вдоми и спаси живот !

Донирај, вдоми и спаси живот !

Здружението за заштита на животни „Гласот на животните“- Animals' Voice од Велес организира донаторска акција,со цел да се обезбедат парични средства кои ќе бидат наменети за помош на безпомошните мачиња, кучиња, бездомни животни, да бидат барем со полни стомаци оваа Нова година. Слоганот на донаторската акција е :  
                Донирај, вдоми и спаси живот ! 
 Учениците од ООУ „Блаже Конески“од Велес од одделенска настава и од V-то одделение зедоа учество во акцијата.Своите изработки несебично ги поклонија со цел да помогнат на животните кои во овој момент се гладни, болни или без свој дом. Посебно сум горд на учениците кои несебично ги донираа своите изработки.
Акцијата се одржа на 29-30.12.2013 год.