ТРЕБА ДА СЕ ЗНАЕ


V одд.
ВИДЕОТО Е СО ВРЕМЕ ТРАЕЊЕ ОД 11 МИНУТИ.Да се гледа и постапи по видеото до 4 минути и дваесет и пет секунди.Вториот пример во видеото НЕ.
08.11.2016

повеќе
Држач за телефон за оние кии се со поголема вештина на изработка
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

VI одд.
повеќе
04.12016

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

  Најважно во комуникацијата со луѓето е да го слушнете она што всушност не е кажано
Поучна приказна: Како да го препознаете оној човек кој навистина вреди?Жан излегол на прошетка низ Париз со неговиот дедо. Додека шетале по улиците, на едно место слушнале како еден муштерија го навредува својот чевлар. Тој тврдел дека нешто не е во ред со неговите чевли. Чевларот смирено ги слушал забелешките, се извинил и ветил дека ќе ја поправи својата грешка.
Потоа Жан и неговиот дедо отишле на кафе. Келнерот замолил еден човек кој седел на соседната маса малку да се помести за да може да помине. Човекот бурно изреагирал и одбил да се помести.
„Никогаш не го заборавај ова што го виде“, му рекол дедото на Жан. „Чевларот ја прифати жалбата на својот муштерија, а овој човек не сакаше воопшто да се помести. На луѓето кои извршуваат корисни задачи не им пречи кога ќе слушнат критика за својата работа, додека пак оние кои немаат никаква корисна работа мислат дека се многу важни и својата неспособност ја кријат позади авторитетот.
извор : www.kafepauza.mk
14.12.2014
 
МАГАРЕ

Еден ден магарето на еден селанец паднало во бунарот во неговиот двор. Животното со часови тажно плачело, додека селанецот се обидувал да смисли што да стори. Конечно решил - бидејќи животното е старо, а бунарот и онака треба да се затруппа, не вреди да се спасува магарето. Ги повикал пријателите да дојдат да му помогнат. Сите зеле лопати и почнале да фрлаат шталско ѓубре во бунарот. На почетокот магарето тажно и разочарано плачело, а потоа веднаш се смирило...Не се слушало повеќе неговото тажно рикање. Со секоја лопата фрлено шталско ѓубре, која ќе паднела на неговиот грб, тоа правело нешто неочекувано. Го тресело од грбот и се качувало по една скала погоре. Како продолжувале селанецот и соседите да фрлаат ѓубре на животното, тоа го тресело и се качувало нагоре. Наскоро, сите изненадено гледале во магарето кое се качило преку работ на бунарот и излегло.
Животот на тебе ќе фрла ѓубре и разни валканици. Трикот како да се излезе од бунарот е во тоа да го истресеш и да се качиш преку тоа една сакалa повисоко. Секоја наша неволја е една скала. Можеме да излеземе и од најдлабокиот бунар, едноставно не откажувајќи се. Никогаш не се откажувајте!
14.12.2014


Што и да сторите на народот устата нема да му ја затворите

 клик на фотографијата за поголема

 70 години од смртта на Никола Тесла 
 10 .07. 1856 - 7 .01.1943
 - Мислам дека не постои по големо восхитување кое може да помине низ човековата душа слична на она што научникот го чувствува кога ќе види дека творбата на неговиот мозок се претвора во успех...Таквите чувства го тераат човек да заборави на храна, сон, пријатели, љубов - се - зборуваше Тесла.
 
Многу Нобелови награди се дадени на научници кои се перчеле со неговите дела. Но тој не се лутел. Тој велел: Не ми е криво што ми ги крадат патентите и идеите, ми е криво што немаат свои.
Слична работа беше и со пронајдокот на радарот - заслугата за тоа припаѓа на Вотсон-Ват кој го 'измисли' во 1935 г. Идејата за радар беше на Тесла и тој му ја предложил на Едисон во 1917 г. како начин за одбрана на американските бродови од нападите на германските подморници, но Едисон ја одбил затоа што мислел дека не би имал реална примена за да се искористи во војната.Со овој свој став и уште иљадници други се гледа каде бил Едисон  со своите научни гледишта ,но поради тоа што тој е американец по потекло а не некој си дојденец во Америка,тогашниоте моќници едисоновото мислење скоро секогаш го сметале за валидно-научно подкрепено.
Слична сиѕуација е и со Х-зраците или рентгенот кој исто така е заслуга на Тесла, но ретко се зборува за тоа, па така славата оди кај Вилхелм Рентген. Тесла предупредил на опасноста на рентген зраците и не сакал да прави медицински експерименти, додека Едисон размислувал поинаку и поради неговите експерименти и зрачењето едно лице починало, а тој за малку ќе ослепел.
Никогаш не грижејќи се за пари, Тесла умира во Њујорк ,осиромашен и „заборавен“ на возраст од 86 години.
Сите што повеќе ве интересира за животот и делото на Никола Тесла  ,сурфајте малку со Google.com или на Youtube.com

Компјутер од 1951 год.
Компјутерите кај нас озбилно почнуваат да се употребуваат на крајот на 20-ти, односно на почетокот на 21-ви  век ,убаво е да се знае или ако повеќе сакате да се потсетиме дека тие датираат од првата половина на 20-ти век.Убаво ие да се виде како изгледал печатар во тоа време.Секако ова не е нај стариот компјутер.










Состав на тимот

Освен екстра идеи, идеален план за работа и малку среќа, за успех на професионален план битно е во тимот да се имаат најмалку шест луѓе.

https://encrypted-tbn1.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9GcRomVUyStGuj437AcbTSUA9WKyEm_uHYWb0aWobGP7WbC4CdlmXWwИницијатор
Тоа е лицето што ги поттикнува останатите во тимот, ги тера да размислуваат, да продолжат кога ќе згрешат.
Навивач
Оваа личност е голем обожавател на вработените, ги поддржува, но и им кажува што навистина мисли за нив и нивната работа. Оваа личност е гласот на мотивацијата.
Скептик
Адвокат на ѓаволот - постојано нешто прашува, ги поставува најтешките прашања и согледува каде може да избие проблем. Оваа личност е глас на разумот.
Надзорник
Човек од збор - речено, сторено. Почитува рокови и постигнува цели. Тоа го бара и од останатите. Оваа личност е глас на напредокот.
Врска
Лицето кои им помага на останатите да изнајдат нови патишта до решението и нови сојузници, ги отстранува препреките на кои вработените наидуваат при спроведување на некој план. Гласот на соработката.
Пример
Тој е менторот, херојот на останатите, човекот кој сакате да се гордее со вас. Потсетник дека секој може да направи одлични нешта. Гласот на авторитетот

  Парадокс на нашето време






                         Имаме:
имаме поголеми згради, но покуси нерви;
пошироки патишта, но потесни видици;
повеќе трошиме, а помалку имаме;
повеќе купуваме, а помалку уживаме.

поголеми куќи, а помали семејства;

повеке удобности, а помалку време;
повеке дипломи, а помалку разум;
повеке знаење, а помалку расудување;
повеке стручни лица, а многу повеќе проблеми;
повеке знаење во медицината, а се помалку здравје.

Премногу пиеме, премногу пушиме,

непремислено трошиме, премалку се смееме,
пребрзо возиме, лесно се лутиме,
прекасно легнуваме, стануваме уморни,
недоволно читаме, премногу телевизија гледаме.
Ретко се молиме.
Го зголемивме нашиот имот,
ама ја намаливме нашата вредност.
Премногу зборуваме, премалку љубиме,
пречесто мразиме.
Научивме како да преживуваме,
ама не и како да живееме.
Му додаваме години на животот,
ама не и живот на годините.

Патувавме на месечината,

а имаме проблем да ја преминеме улицата
и да се запознаеме со новиот комшија.
Загосподаривме со надворешниот простор,
но не и со внатрешниот.
Направивме поголеми, ама не и подобри нешта.

Го исчистивме воздухот,

ама ја загадивме душата.
Го расцепивме атомот,
ама не и нашите предрасуди.

Повеќе пишуваме, ама помалку учиме;

повеќе планираме, ама помалку постигнуваме;
научивме да брзаме, ама не и да чекаме.
Имаме повисока заработувачка, ама и понизок морал.
Имаме се повеќе храна, а се повеке сме неблагодарни.
Создаваме се посилни компјутери,
со многу поголема меморија,
ама ние се помалку и помалку разговараме.
Повеќе тежнееме кон квантитет,
а забораваме на квалитет.

Ова се времиња на брза прехрана и бавни варења на храната;

на големи луге, а мали карактери;
на брзи заработувачки и никакви односи.
Ова е време на мир во светот, а војна во домот.
Премногу слободно време, а малку уживање.
Премногу разновидна храна, а лоша исхрана.

Се помалку се финансиските проблеми во бракот,

а се повеќе има разводи;
се повеќе има луксузни куќи, ама и поделени домови;
ова се денови на брзи патувања, бедна облека и низок морал;
с# повеќе има дебели луѓе, ама и лекови кои можат се:
да те расположат, затапат или убијат!

ЗАПАМТЕТЕ!
Поминете што повеќе време со вашите љубени,
зашто тие нема да бидат вечно покрај вас.
Кажете понекој љубезен збор на оној,
кој одоздола ве гледа со стравопочит,
зашто таа мала личност наскоро ќе порасни и ќе замини.

Сетете се да подадете топла прегратка за оној, кој е до вас,

зашто тоа е единствено богатство кое можете да го дадете од своето срце,
а кое ништо нема да ве чини.
Сетете се на зборовите ,,Те сакам<, кои треба да ги упатите
до вашиот партнер и вашите љубени,
но најмногу од с#: искрено и мислете така!
Бакнежот и прегратката ќе ја излечат секоја рана,
ако доаѓаат од длабочината на срцето.
Сетете се дека треба да се држите за рацете и да ги вреднувате миговите кога сте заедно,
зашто еден ден тие личности нема повеќе да бидат покрај вас.

Најдете време да љубите,

најдете време да разговарате,
и најдете време да ги поделите вашите
скапоцени мисли со другите.

Смејте се често, долго и искрено!

Смејте се додека не го загубите здивот.
Созлите се случуваат!
Издржете, одболувајте, преживејте!
Кажете им на луѓето, кои ги љубите,
дека навистина ги љубите,
и тоа во секоја прилика,
зашто животот не се мери според бројот
на вдишувањата,
  туку според бројот на моментите,
                                                             кои ни го одземаат здивот!

                                                                                                       Автор: Џорџ Карлин               
                                  

 








И дечињата си имаат свои заповеди, кои се десетте најважни?

1)      Немојте да ме разгалувате. Добро знаете дека можам да имам се што ќе посакам. Само ве искушувам.
2)      Не плашете се да бидете строги. Тоа ми се допаѓа. Ми покажува каде ми е местото.
3)      Немојте со мене на сила. Тоа ќе ме научи дека единствено силата владее. Повеќе ќе реагирам на совет.
4)      Немојте да бидете недоследни. Тоа ме збунува и ме тера да бегам од обврските.
5)      Немојте да ветувате. Можеби нема да можете да го исполните ветувањето, па ќе изгубам доверба во вас.
6)      Немојте да ги извршувате моите задачи. Заради тоа се чувствувам како бебе и ќе почнам да ве доживувам како слуги.
7)      Немојте стално да приговарате. Ако тоа го правите ќе почнам да се правам на глув.
8)      Не ме одбивајте кога барам одговор на нормални прашања. Ако ме одбиете, ќе престанам да ве испрашувам, а одговорите ќе ги барам на друго место.
9)      Немојте да ми велите дека сте идеални и безгрешни. Со такви е тешко да се живее.
10)  Не грижете се затоа што малку време сме заедно. Важно е како сме заедно.
И ПОКРАЈ СЕ, МНОГУ ВЕ САКАМ, САКАЈТЕ МЕ И ВИЕ МЕНЕ!












Совети за младите
 1.Животот не е фер-помири се со тоа!
2.На светот не му е грижа за тоа што тебе ти се прави или не.Светот ќе очекува да направиш нешто друго пред  да  дозволи да го правиш тоа што ти го сакаш.
3.Нема да заработувш 700 евра месечно ведаш кога ќе излезеш од  факултет.Нема да станеш директор со службен возач и мерцедес се додека не заработиш за двете.
4.Ако мислиш дека наставникот ти е строг, почекај да го запознаеш шефот.
5.Вртење на хамбургери на скара не е под твоја чест.Твоите баба и дедо вртењето на хамбургери го сметале за пружена можност.
6.Ако не успееш лесно да се вработиш, не се виновни  твоите родители, не плачи на грешките, учи од нив.
7.Пред да се родиш,твоите родители не биле толку здодевни колку што се сега.Тие станале здодевни плаќајќи ги твоите сметки,перејќи ги твоите алишта и слушајќи те тебе колку си кул. Затоа пред да ја спасиш планетата од старци, пробај прво да си го средиш плакарот во собата.
8.Можеби победниците и лузерите во твоето училиште имаат свое место,ама во животот не е така.Во училиште можеш да ја поправиш лошата оценка, но, во животот  многу ретко.
9.Животот не е поделен на полугодија. Не добиваш три месеци распуст, а ниеден работодавач нема да ти помогне да се најдеш себеси.
10.Телевизијата не е реален живот. Во реалниот живот луѓето обично не седат во кафеани.Одат на работа.
11.Биди фин со бубалиците. Можби некогаш ќе работиш за еден од нив.

Пет најчести „PowerPoint“ грешки

Сигурно барем еднаш во животот сте требале да презентирате некоја ваша идеја, замисла или барем семинарска на факултет. Можеби многу не сте се замарале околу подготовката на „PowerPoint“ презентацијата, но и присутните за да ве слушаат. Или да не се проѕеваат.

Поентата на презентацијата е да ги заинтересирате присутните за вашата идеја, а не да се обидете да ги „убиете“ од досада. Всушност, дури постои и дефиниција за „Смрт со PowerPoint“ (Death By PowerPoint), а еве како да не го постигнете тоа.

Премногу слики

Презентацијата не е албум, па да ги наредете сите слики што сте можеле да ги најдете поврзани со темата. Вие треба да сте ѕвезда на презентацијата, а не сликите кои одвлекуваат внимание, а не кажуваат ништо важно. Затоа, потрудете се еден „слајд“ да не трае помалку до 3 минути, а сликите користете ги само за да нагласите одреден момент.

Премногу текст

Се вика презентација, бидејќи вие треба да им презентирате на присутните нешто, а не тие да читаат. Всушност, ако намерата ви била да напишете на слајдовите сè што имате да кажете, тогаш зошто едноставно не им го пратете истото по е-маил? Од друга страна, премногу текст проектиран на ѕидот, ќе им го одвлече вниманието на слушателите и повеќе ќе се трудат да прочитаат, отколку вас да ве слушаат.

Бесмислени анимации

Самото тоа што имате можност да користите анимации во PowerPoint, не значи и дека треба да се заиграте и да ги искористите сите - наеднаш. Анимациите претежно се само губење време, а многу голема корист немаат. Сведете ги на минимум и користете само кога навистина се неопходни да потенцираат некој момент.

Недоволно графика

Визуелните ефекти се нарекуваат визуелно со причина - треба да зборуваат повеќе од зборови, а не да ги „гушите“ со текст. Користете ги дијаграмите, графиконите и фотографиите во согласност со текстот и таму каде што се потребни.

Комплицирана графика

За добра графика, постојат три збора: едноставност, едноставност и едноставност. Сè што е на слајдот, од текст, до дијаграм или слика, треба да биде јасно и видливо, и тоа не само за вас и на тие што седат во прв ред.

Ништо не е отсекогаш

Група научници ставиле 5 мајмуни во кафез во кој имало скала со банана на врвот.

-Секој пат кога некој мајмун ќе се качел на скалата за да ја земе бананата, останатите мајмуни биле полиени со мраз ладна вода.

-По некое време, секој пат кога некој од мајмуните ќе тргнел да се качува на скалата, останатите го претепувале.

-По ова, ниту еден мајмун повеќе не се обидувал да се качи на скалата, и покрај наградата што го чекала горе.

-Тогаш научниците речиле да заменат еден од мајмуните. Прво нешто што направил новиот член е да проба да се качи на сакалата. Останатите мајмуни веднаш му се пуштиле и го претепале. По неколку партии ќотек, новиот член научил дека не треба да се качува на скалата иако не знаел зошто.

-Кога го замениле и 2-от мајмун истото се случило. Овој пат и 1-от мајмун учествувал во тепањето. При замената на 3-от мајмун се повторило истото. Потополно иста ситуација (ќотек) имало и при замената на 4-от а потоа и на 5-от мајмун.

-На крај добиле група од 5 мајмуни кои иако никогаш не биле полиени со ладна вода, сепак продолжиле да го тепаат секој мајмун што ќе се обидел да се качи на скалата.

Кога би можел некој да ги праша мајмуните од новата група, зошто го тепаат секого што ќе се обиде да се качи на скалата, одговорот веројатно би бил:
"Не знам... тука отсекогаш така правиме."

Дефиниција на минус


+18° C - На Хаваи земаат втор покривач.
+10° C - Во зградите во Хелсинки го исклучуваат парното.
+2° C - Италијанските автомобили не можат да запалат.
0° C - Дестилираната вода замрзнува.
-1° C - Здивот се гледа. Русите јадат сладолед и пијат ладно пиво.