Велес на крајот од 2014 год.
повеќе
19.01.2014
Велешката компанија Брако го произведе првиот македонски камион

Камионот за погон користи мотор од Мерцедес.
За производството на овој камион заслужни се младите инжењери на Брако. Инаку првите произведени камиони ќе завршат на пазарите во Катар и Италија. Но не се исклучува можноста вакви камиони да се најдат и низ улиците во Македонија.
За производството на овој камион заслужни се младите инжењери на Брако. Инаку првите произведени камиони ќе завршат на пазарите во Катар и Италија. Но не се исклучува можноста вакви камиони да се најдат и низ улиците во Македонија.
повеќе
видео
__________________________________________________________________________________________
Прва бензинска пумпа во Велес во 1925 година

податоците се извадок од натпис во www.tirekovmirece.com
12.11.2014
__________________________________________________________________________
Прва електрична централа во Велес изградена во 1928 год. Во домовите се користеле светилки од 5, 10 и 15 вати.
Ова е приказната за Томо Вук (1904-1986), човекот кој прв овозможи да светне светилка во градот.
Вук живееше на приземје од зградата која и денес го носи неговото име. Имаше работилница (адаптирана гаража) која се наоѓаше позади зградата,всушност беше под неговиот стан.Тука тој со часови го поминуваше своето време. Носеше наочари со дебело стакло. Зборуваше доста гласно. Како млад човек се чудев а се чудам и сега како велешани, посебно повозрасните го викаа да им поправи ситни дефекти па дури да смени прегорена светилка. Ова се случува во 70-те години од минатиот век. Доволно зборува за техничата култура на луѓето во тоа време. За среќа се брзо се промени.
Оригиналниот текст на новинарот Петре Печков и администратор на порталот ти реков ми рече...кликни на повеќе.
____________________________________________________________________________________________
Велес преку фотографија во минатото и денес
повеќе
____________________________________________________________________________________________
Рекорд цели 47 години
Најпосетен ракометен натпревар во Македонија е тој што пред 47 години е одигран во Велес помеѓу екипите на Борец и Партизан од Бјеловар Хрватска.
Натпреварот се играл на
Градскиот стадион во Велес а имало околу 12 илјади гледачи. Толку влезници биле
продадени. Ова откако претходно Борец во Белград успеал да ја совлада
Црвен Ѕвезда.
Најпосетен
ракометен натпревар во Македонија е тој што пред 47 години е одигран во
Велес помеѓу екипите на Борец и Партизан од Бјеловар Хрватска.
10-ти мај
1967-ма а победиле гостите со 12:22. Тоа е најголема посета што досега ја
имало на некој ракометен натпревар во Македонија и најпосетен во поранешна
Југославија.
повеќе на www.tirekovmirece.com____________________________________________________________________________________________
Прочитајте повеќе за куќата на Касапови, има интересна историја
повеќе
____________________________________________________________________________________________
Повторно први
Настанот се случил на 24.01.2013 год.околу 23 часот а возачот бил сопрен кај Бензинската ,,Башино петрол,, по неколку минутна бркотница, при што било оштетено и новото полициско возило ,,шкода јети,,. ЕЕЕЕЕЕ...прв си е прв ама за жал во негативно.
повеќе
____________________________________________________________________________________________
И ова се сличува
Невероватно топол 11 месец во годината.
На 30.11.2012год дневната температура беше +18 степени.
Првите ниски температури-првиот мраз во Велес 04.12.2012 год.
Првиоте врнежи на слаб снег 09.11.2012 a од околу 20 сантиметри падна на 11.12.2012 год. На средствата за информирање се зборува за големи проблеми кои ги предизвикаа големите врнежи.
За утре во раните утрински часеви се предвидува -11 степени. Многу ме интересира што ќе се случи ако се остварат предвидувањата дека се очекува зимо со температура -30 степени и далеку поголеми врнежи на снег.




Поради КОРОНА вирусот од 11.о3.2020 година до денес (1.04.2020 ) учениците не посетуваат училиште.До кога неблагодарно е да се прогнозира.
____________________________________________________________________________________________
Мапа на просторот околу ООУ „Блаже Конески“ Велес
Клик на фотографијат за зголемување
____________________________________________________________________________________________
Велес во многу работи е прв , а сега и во ова
Во август 2012 год. беше донесена првата пресуда во
земјава за навреда на Фејсбук. Иако казната беше условна и минимална од сто
евра, поважна беше пораката дека не смееат да се објавуваат навредливи и
заканувачки пораки. Велешкиот суд го казни членот на организацискиот одбор на
„Рациновите средби“, кој незадоволен од новинарски текст го нападнал и
навредувал авторот на друштвената мрежа.
____________________________________________________________________________________________
Велешани први во Македонија подготувале пастрмалии уште во 1869 год.
Нема некоја поврзаност со техниката и работењето ама затоа има голема важност и задоволство по успешна изведена работа :)
Имено, со развојот
на гемиџиството и трговијата со сплавови со Солун,во Велес масовно се развил
ќурчискиот занает. Велешките занаетчии станале познати по жолтиот сахтијан
(фино преработена овчка или козја кожа) кој масовно се извезувал до европските
модни центри, како Виена,Будимпешта,Париз..
Сите видни дами
шиеле костими за лов и јавање од сахтијан,кој бил моден тренд. Велешкиот бил
најдобар и баран во Европа. Сознанието дека во една година се колеле и до
120.000 грла ситен добиток (кози и овци), доведува до заклучок дека месото било
евтино и дури се фрлало во Вардар.За да не дојде до епидемии и зарази од него
властите наредиле месото да не се фрла, ами да им се дели и на
најсиромасите.Така во овој период секоја велешка куќа имала своја залиха на
месо за зимскиот период. Бидејќи немало уреди за ладење,месото се солело, се
ставало на гредите да се суши и така сушено се приготвувало во зима. Се
користела да се посипе тестото со месо, со пастрма. И така го добила името
пастрмалија, која доаѓа од турскиот састрма.
Покрај другата
храна, според Имрен Јосифова, докторант по турски јазик на Универзитетот во
Истамбул, споменатиот Ахмед паша воениот гувернер кој дошол да го испита
случајот со наводниот бунт против грчкиот владика, во еден допис напишал:
``Не почестија со
јадење слично на нашата састрма(ј)лија (турско јадење слично на погача ,со
големи парчиња овчко солено месо ), само што месото е ситно сецкано овчјо и
козјо месо и полиено со јајце...,, ) што ќе се сложите е денешната пастрмалија)
. И ова е тој документ кој постои во турските архиви, кога за прв пат се
споменува пастрмалијата и тоа токму во Велес.
``До големиот мост
постои фурна која работи цел ден и преку ноќ и секогаш има да се најде
леб.Застанавме пред камениот мост да купиме храна.,,
Фурната во која се печеле питите се наоѓала веднаш до Стар Мост на место на денешната куќа на семејството Ванови. За тоа постои ваков опис кој го дава др Екрем Ајверди,турски стручњак за османлиски споменици:
Фурната во која се печеле питите се наоѓала веднаш до Стар Мост на место на денешната куќа на семејството Ванови. За тоа постои ваков опис кој го дава др Екрем Ајверди,турски стручњак за османлиски споменици:
``Спроти Големиот
мост одсекогаш постолеа фурна во куќата на Уста (мајстор) Мустафа,старешината
на мостарите,кои го чувале ,го поправале и одржувале мостот.Таа фурна го
хранела и турскиот гарнизон и сите турски достоинственици кои
нарачувале пекарски производи од ова место,,.
Оваа фурна била една
од ретките која работела 24 часа, што и било овозможено со посебна бујурулдија
(наредба), а овој податок и се споменува и во други списи и пописи од 1863
година.Повеќе и оригинален текст на : www.tirekovmirece.com