Пожар во ООУ „Блаже Конески“ Велес

Успешна евакуација на повеке од 800 ученици кои беа присутни во претпладневната смена во училиштето. Ова е констатирано по завршетокот на пробната вежба за за евакуација од непогода во училиштето. Беше симулирано дека во училиштето има пожар. На општо задоволство сите присутни ученици и вработените во училиштето за нешто повеќе од 7 минути низ четирите влеза го напуштија училиштето. Патем речено училиштето располага со близу 10000 метри квадратни простор што укажува на озбилноста на самата акција. Акцијата беше будно контролирана и следена и активно зедоа учество ПП единица од Велес, екипа медицински персонал и полицијата.




Горди сме што евакуацијата заврши брзо но прд се безбедно, со што покажавме дека и во вакви непосакувани ситуации сме спремни соодветно да делуваме.

 

Честитки дo ученици и сите оние кои зедоа активно учество во истата.








11.11.2015