Најголемиот крузер во светот


Најголемиот патнички брод во светот „Harmony of the Seas" ја почна својата прва пробна пловидба, покрај западниот брег на Франција.
Крузерот е долг 362 метри, за 92 повеќе од Титаник, а висината му зинесува 70 метри.
Бродот е тежок 120.000 тони, што е рекорд меѓу патничките бродови.

Како и димензиите, така и цената на бродот е импресивна – дури 1,1 милијарда долари, колку што ќе плати компанијата „Ројал Карибијан интернешнл".

Бродот ќе може да прими 6.000 патници и 2.000 членови на екипажот.

Првите денови од својата пловидба ќе ги помине пловејки покрај крабрежјето на Франција ,се додека моторот не се покаже во каква состојба е.








погледни видео
15.03.2015