Истакнат пост

Некои податоци просто се невероватни

Некои податоци се просто невероватни,зачудувачки. На прв поглед изгледа дека нема некоја директна врска со техниката и технологијата , но ...

Балканска педагогија

Четири воспитни грешки кои родителите честопати ѓи прават а всушност се карактеристични за балканскиот простор. Од повеќето ѓи издвоив грешките кои неповолно се однесуваат за подобри резултати по техничко образование.









Педагошка лекција 4 - Кај си се удрил? Во дрво? Еве мама го тепа дрвото!

Дали е потребно дополнително да се објаснува? Кога детето по сопствена грешка или невнимание се удри, ти удри по тоа што го удрило. Зошто тогаш и да не се удри по децата со кои се сретнува на училиште? Во што е разликата?

Педагошка лекција 5 - Не се врти во круг! Ќе ти се заврти во главата! Не го допирај тоа, валкано е! Не се качувај, ќе паднеш!

Секогаш се сеќавам на мојата тетка која живее во Швајцарија и која, кога ќе дојде овде, на своите деца им допушта буквално сè. Еднаш со свои очи видов како се вовлекува под киоск на автобуска станица, а таа не реагира. А, не знам дали децата биле болни во животот три пати. Добро, не велам дека треба да го пуштите детето да допира фрлени отпушоци, но каква врска има ако му се заврти во главата? Малку ќе го вежба центарот за рамнотежа. Па, што ако падне од скалата? Вие не сте паднале како деца? Ќе се качи пак и ќе научи дека понекогаш за да стигне до целта мора и да падне.

Педагошка лекција 6 - Не знаеш ти тоа, дај ми мене.

Нека се јави родителот кој не го рекол ова! Со ова „не знаеш ти“. Така типично, а така погрешно. Веројатно мислиме дека сè уште не е подготвен сам да стави сок во чашата, па чекаме да го научи тоа со магија, без ниту еднаш да го истури сокот...

Педагошка лекција 7 - Твојата наставничка нема поим. Што е ова што ти го напишала?

Ако родителот не го почитува наставникот, нема да го почитува ни детето. Ако детето не го почитува наставникот, нема да постигне добар резултат бидејќи нема доверба во оној кој го води низ школувањето. Затоа, што и да напишала/сторила/кажала наставничката (а замислете, и тие имаат право на грешка), никогаш не се сомневајте во нејзиниот авторитет пред детето.


извор: Зелена учионица
08.03.2016