Истакнат пост

Некои податоци просто се невероватни

Некои податоци се просто невероватни,зачудувачки. На прв поглед изгледа дека нема некоја директна врска со техниката и технологијата , но ...

Откажи се од Facebook

Ова не го кажувам јас,иако 99% во целост се согласувам со подолу напишаното.

Според најновата студија направена од Институтот за истражување на среќата (Happiness Research Institute), со некористењето на Facebook можете да си ја подобрите концентрацијата, но и нивото на среќа во животот.
Истражувањето било направено врз 1.095 луѓе од Данска кои биле поделени на две групи. Првата продолжила да го користи Facebook, втората престанала.

Експериментот траел само една недела, а резултатите се следните:
  • корисниците кои пријавиле дека се чувствуваат среќни биле 81% на број; тие кои не го користеле биле 88%;
  • од првата група 75% пријавиле дека си го ценат животот; а од втората дури 84%;
  • 20% од првата група пријавиле дека се незадоволни со животот; а само 12% од втората;
  • корисниците на Facebook имаат 39% поголема веројатност дека ќе се чувствуваат помалку среќно од тие кои што не ја користеле мрежата.
Сепак одлуката за некористењето или поточно кажано намаленото користење на Facebook е ваша. 
08.12.2015