Загадување на воздухот во Република Македонија

              Деновиве многу се зборува за загаденоста на воздухот во Република Македонија. Се разбира главен и ударен за дискусија е секогаш Скопје.
                Оправдано и без лутење голем град во кој живее 1/5 од вкупното население во Македонија, но да не занемари и фактот што сите и од секаков вид на информациски куќи се во главниот град. Да не биде само Скопје се спомнува Куманово,Битола , Тетово и Кавадарци. Велес несакајќи понекогаш се додава во групата на овие градови. Повторно оправдано и без лутење .Зпшто? Во Велес има три мерни станици а работи само една. Пред некој ден  и таа не работеше. Имаме луѓе од градот и силни еколошки здруженија кои за жал по мое мислење не се во моментов на висина на задачата-проблемот. Дека состојбата во Велес критична е овај момент кој е прикажан на фотографијата . Само Велес во 19.00 часот на 16.12.2017 год. има многу високо ниво на загаденост од сите погоре спомнати критични градови. 
                 Не сакам да се сеќавам на времето кога топилница работеше, а уште помалку сакам да си замислам што ке се случеше ако сега топилница и останатите големи фабрики работеа.
                   И без нив состојбата на воздухот е страшна.
16.12.2017