Бил Гејтс: "Наставничката која го промени мојот живот"

Г-ѓа Кафеаир почина во 2006 година, кратко време после нејзиниот 100-ти роденден. Пред да го напушти овој свет, имав можност да ѝ се заблагодарам за важната улога која ја имаше во мојот живот, како и за страста за учење која таа ја предизвика кај мене кога јас лесно можев да бидам избркан од училиште. Бланш Кафеаир, доста љубезна библиотекарка и наставничка имаше огромно влијание врз мене и мојот живот. Потребно е почесто да давам заслуга на посветената библиотекарка и наставничка која ми помогна да ги пронајдам моите предности кога имав само 9 години. Зачудувачки е колку моќ може да има една личност во обликувањето на животот на едно дете.
Кога за прв пат ја сретнав г-ѓа Кафеаир, таа беше елегантна и посветена училишна библиотекарка во основното училиште Вју Риџ во Сиетл, а јас бев срамежлив ученик во четврто одделение. Очајно се обидував да поминам незабележан, бидејќи имав големи недостатоци, како што беше мојот ужасен ракопис (научниците ова го нарекуваат дисграфија) и ужасно несредена клупа. Се обидував да го сокријам фактот дека сакав да читам - нешто што беше одлична карактеристика за девојчињата, но не и за момчињата.Г-ѓа Кафеаир ме зеде под своја закрила и ми помогна да сфатам дека е во ред да бидам неуредно, момче бубалица кое чита многу книги. Таа ме извлече од мојот оклоп споделувајќи ја нејзината љубов кон книгата.. На пример, таа ми даде одлични биографии кои таа ги читаше. Откако ќе ги прочитав, таа секогаш издвојуваше време да дискутира за тоа што го читав. „Ти се допадна?“ секогаш ме прашуваше таа. „Зошто ти се допадна? Што научи од книгата?“. Таа навистина слушаше што имам да кажам.
Наставниците генерално не сакаат да ги оптоваруваат своите ученици со екстра читање надвор од она што им е дадено според програмата. Меѓутоа од г-ѓа Кафеаир научив дека моите наставници имаат толку многу знаење кое можат да го споделат со нас. Потребно е само ние учениците да побараме.
Со самото појавување на Microsoft на пазарот за информатичка технологија богатството на Бил Гејтс тргнало по растечка линија која никогаш не ја сменила насоката. Во 1987 година официјално станал билионер според магазинот Форбс. Бил сеуште немал наполнето ни 32 години. Станал најмладиот билионер кој тоа го постигнал сам и со свој труд. Таа година тежел 1.25 билиони долари. Подоцна Тајм магазинот го класифицирал меѓу 100те највлијателни луѓе на 20тиот век, како и еден од 100те највлијателни луѓе за
2004та,2005та и 2006та година. Во 2006 година бил изгласан како 6ти на листата "Херои на Нашето Време", но првото место на листата на еден медиум го однел во 1998 на листата "Топ 50 сајбер елита". 2011та ја помина како 5ти најмоќен човек на планетава според Форбс магазинот а денес...

Oва се најбогатите луѓе во светот во 2016-та
25.08.2016