22 Септември

22 Септември 
 Меѓународен ден без автомобили

  Ученици од основните и средни училишта од Велес зедоа учество во дефилето кое се одржа денес со почеток во 12.00 час. Локалната самоуправа традиционално е организатор на овој настан кој е во рамките на Европската недела на мобилност, која се организира секоја година од 16 до 22 септември во целиот свет.

Самиот настан пред се пропагира намалено користење на сите видови на возила со моторен погон и апел до граѓаните за што помасовно користење на велосипедот како превозно средство.

 Се запрашувам како ова може да успее кога во Велес сеуште нема ниту еден метар велосипедска патека по која населението во градот или надвор од него безбедно ќе учествува во сообраќај.

Секако ова нека биде апел до Локалната самоуправа во Велес овој проблем што побрзо да биде решен.


Беше денес , како беше....

Дали може подобро?

Посететеги следните линкови кои зборуваат за тоа како беше во Охрид,Битола,Скопје...