Иднината на интернет

Li-Fi станува секојдневие.Набргу во голема мера ке ги потисне од употреба класичните Wi-Wi рутери.Добиваме многу,многу побрз интернет од денешниот со Wi-Wi конекција.

Првата демонстрација на лај-фај комуникација датира од 1880 година кога Александар Грахам Бел, пронаоѓачот на телефонот, го прикажал својот фотофон кој го пренесол звукот на својот глас на неколку стотини метри користејќи ја сончевата светлост. Тоа било првата техника на безжична комуникација реализирана доста пред појавата на радио-комуникациите кои ќе го фрлат во заборав фотофонот.
Акронимите лај-фај и вај-фај своето потекло го имаат во зборот фај-фај кој е кратенка од англискиот термин High Fidelity кој значи (Hi-Fi-„висока верност“). Терминот вај-фај се користи за Wireless Fidelity (Wi-Wi -безжична веродостојност) каде зборот wireless се однесува на користењето радио-бранови. Акронимот лај-фај значи „светлосна веродостојност“ од англискиот термин Light Fidelity. Овој израз бил воведен од Харалд Хас (Harald Haas), професор по мобилни комуникации на универзитетот Единбург, на конференција ТЕД во 2011  година.
Лај-фајот или светлосната веродостојност (англ. Light Fidelity) е безжична комуникациска технологија базирана на користење на видливата светлост која се наоѓа меѓу сината (670 THz) е црвената (480 THz) боја. Додека вај-фајот (Wi-Fi) го користи радио делот од електромагнетниот спектар, лај-фајот го користи оптичкиот спектар.



Една од предностите е тоа што Li-Fi има пристапна цена.

 26.09.2016