Google од денес е полнолетен


Најпопуларниот интернет пребарувач во светот, Google, денеска го прославува својот 18 роденден.
По тој повод, денешниот Google Doodle-„гугл дудл“ е посветен токму на тоа.
Помеѓу корисниците е најпозната по својот пребарувач, но покрај него нуди и многу други сервиси. Главно своите приходи ги остварува преку својот систем на рекламирање. Главно седиште на компанијата, познато под име Googleplex, се наоѓа во Калифорнија.
Поминаа точно 18 години откако Лери Пејџ и Сергеј Брин го започнаа Google од една гаража во Калифорнија. Од скромен софтвер, денеска прераснаа во технолошки гигант.
Основачи на компанијата се тогашните студенти Лери Пејџ и Сергеј Брин. Целата приказна ја започнуваат неофицијално во јануари 1997 на Универзитетот Стенфорд, а официјално започнуваат со работа на 7 септември 1998 стартувајќи со својот интернет пребарувач. Со своите сервиси успеваат својата основна дејност, пребарување и рекламирање, да ја прошират на други подрачја како што се: електронска пошта, онлајн мапи, прикажување на видео формати и слично. Минатата година компанијата најави реорганизација и ја покрена корпорацијата Alphabet под којашто, помеѓу останатото, се наоѓа единицата за роботика и автомобили, како наследник на компанијата Boston Dynamics.
Google е воедно и втора највредна компанија на светот, веднаш после Apple, со вредност на пазарот од 541 милијарди долари.
Пејџ и Брин се на 12-то и 13-то место на листата на Форбс на најбогатите луѓе на светот, со богатство од 35.2, односно 34.5 милијарди долари.
Низ годините датумот на нивниот роденден се менуваше, а денешниот ден го користат од 2006 година. Дури ни основачите не можат да кажат еден еден датум на „раѓање“ на Google, а затоа 27 септември е компромисот.

Иако започна како пребарувач, со нови производи и партнерства оваа компанија ја прошири својата дејност и стана една од најголемите технолошки компании во светот.


27.09.2016