Светски ден на учителот





Овој ден е со цел да се привлече внимание на состојбата на наставниците во општеството, нивната улога во формирањето и развојот на младите.
 
Оваа година, 5 октомври, се слави 22-годишнината од Светскиот ден на учителот. Овој ден го прославува усвојувањето на Препораката на УНЕСКО .

Според Заводот за статистика на УНЕСКО, во многу земји, квалитетот на образованието е лош поради дефицитот од наставници. 1,4 милиони наставници недостасуваат во училниците ширум светот – кои се потребни за да се постигне универзалното основно образование (UPE) за 2015 година. 

Денес светот се соочува со глобална криза во образованието, со 250 милиони деца кои не стекнуваат основни вештини за читање и пишување.

Да не се заборави дека образовниот систем е добар онолку колку што се и неговите наставници. 
04.10.2016

 Како беше прославен овој ден во ООУ„Блаже Конески“ Велес

Наставниците кои се членови во природно математичкиот актив пријатно ѓи изненадија останатите колеги во утринските часеви .На влезната  врата од учелиштето група ученици во пишана форма подели честитка и усно им го честитаа празникот на своите наставници .Влезот беше соодветно украсен за оваа прилика.Истото ќе се организира и за колегите од поладневната смена. Навидум „мала“ работа но пријаатно е чуството кога некој ќе се сети и ќе ви го честита празникот.

Јас ја користам оваа прилика на сите колеги им го честитам празникот .
05.10.2016