Од ден во ден се зголемува посетеноста

www.toveles.blogspot.com секој ден ја зголемува својата „публика“.Задоволството е огромно зошто веб страната-блогот ја постигнува првичната  цел за која и создадена тоа е : Промовирање на наставата по ТЕХНИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ, споделување на позитивни искуства во наставата ,размена на идеии, линкови, фотографии, документи и се друго што би ни помогнало за успешна и креативна настава. Страната е наменета за наставниците кои предаваат техничко образование,учениците и за сите љубители на техниката.

Од скриновите може да се видат интерсни податоци: Firefox ја губи битката со Chrome, Windows останува и царува како оперативен систем иако дел од колачот зема Android поради се почестата употреба на „паметните“, но се гледа поразителниот факт дека Linux како оперативен систем не се употребува како што се очекуваше.
Што се однесува до посетителите посебно сум изненаден на големата посетеност од Куманово .За жал посетеноста од Прилеп и Битола бележи благ пад. Напомена: податоците во скриновите-фотографиите се за последните 30 дена. Клик на фотографијата за поголем приказ.
24.11.2016