Сибирско зимо во Македонија


Конечно метеоролозите несакајки погодија каква зима не очекува. Благодарение на студениот бран од Сибир, прогнозата се оствари. Наназад најмалку 5 години прогнозата ,за тоа какво зимо не очекува беше тешко промашување. Барем и сега да погрешеа.

Студено време со вакви ниски утрински температури богами одамна немало. Температурата наназад неколку ноќи-утра се симна и на повеќе од минус 20 целзиусови степени.

Велешкото езеро замрзнувало и други години. Водостојот на езерото одамна, многу одамна не беше толку висок да водата прелева преку браната. Токму ова прелевање на водата ја формира ова ретка и секако прекрасна глетка.

Како изгледа езерото Младост во Велес, погледнете ѓи фотографиите и видеото подолу.

Браната на зерото Младост изградена е 1963 година. Зазема површина од 60 хектара и акумулира околу 10 милиони метри кубни вода.



Велешани уште првите години го користат како излетничко место. Не е мала посетеноста и од другите блиски градови, како и на странци кои навраќаат на попатен одмор патувајки по автопатот „Александар Македонски„

Велешкото езеро е едно од помалите вештачки езера. Можеби е мало езерото но затоа во неговите води е најголемиот брод во Македонија.



11.01.2017