Регионален натпревар„Млади техничари и природници “ Велес 2017

На ден 01.04.2017 год. со почеток во 9.30 часот во ООУ „Блаже Конески“ во Велес се одржа Регионален натпревар „Млади техничари и природници “ во организација на „Народна техника “.

Големи честитки до сите учесници на натпреварот а на победниците им посакувам успех на Државниот натпревар кој ќе се одрѓи на 29.04.2017 во Прилеп.

Голема благодарност и честитки за учениците од ООУ „Блаже Конески“ од Велес кои неуморно работеа и постигнаа одличен севкупен успех на натпреварот.



Задоволството ќе беше далеку поголемо доколку членовите на жирито не се однесуваа пристрасно, каприциозно, тендециозно и уште како како ли да го наречам нивното однесување. Ова  се однесува за натпреварувачката дициплина градежништво. Не е грешка само во доделувањето на првото место туку и на второто и на третото место кое патем го делат два ученика. 
Жалам за настанатата ситуација и се надевам дека во иднина секогаш, ама баш секогаш ќе победуваат моментално најдобрите ученици по натпреварувачки дисциплини. Ова мислење не е индивидуално туку мислење на поголем број на колеги кои беа учесници на натпреварот.

Само така натпреварите ќе бидат место односно настан каде учениците пред се ќе се дружат, забавуваат, каде не само што ќе се натпреваруваат туку и ќе стекнат ново искуство, вештина и знаење, место каде учениците ќе си заминат задоволни и насмеани, свесни за тоа зошто и поради што некој е прогласен за победник/ци во дадена дисциплина.

Се надевам во иднина ова во ќе стане нешто вообичаено. 
Мора да може така.

На ден 06.04.2017 г. победниците по натпреварувачки дисциплини ќе земат учество во склоп на Народна техника на саемот „Денови на образование и карира“ во Скопје.

На ден 10.04.2017 победниците по натпреварувачки дисциплини во склоп на Народна техникаќе земат учество во  емисијата „ Голем одмор“ на ТВ Македонска телевизија-1.
03.04.2017