Детски семафор-2017

Во деновите кој следат ќе се одржат Општинските натпревари од областа на сообраќајот - „Детски семафор“. Оваа година има измена во делот на проверка на теоретското знаење на натпреварувачите.

Сообраќајните натпревари „Детски семафор“и СТКМ во делот на теоретското полагање ќе има одредена измена... На веб порталот soobrakaj.mk сите натпреварувачи треба да кликнат полагање за Основни училишта,односно полагање за Средни училишта за да внесат свое име и презиме ,година на раѓање град и код кој дополнително ќе Ви биде испратен.Тестот е разбирлив за децата и брзо генерира резултати.Практичниот дел е ист како и изминатите години.
Како се ќе функционира ? Секако ќе видиме. За Велес натпреварот ќе се одржи на 27.04.2017 год. со почеток во 10.00 часот ,како и до сега во ООУ „Васил Главинов“.
На сите натпреварувачи посакувам успех на натпреварот.
А да ќе заборавев ...секако посакувам брз и стабилен интернет.
24.04.2017