Истакнат пост

Некои податоци просто се невероватни

Некои податоци се просто невероватни,зачудувачки. На прв поглед изгледа дека нема некоја директна врска со техниката и технологијата , но ...

Yahoo замина во историјата

Американската интернет корпорација која нуди-нудеше интернет услуги низ целиот свет, со седиште во Сенивејл во Калифорнија доби нов сопственик. Јаху компанијата е позната по својот веб портал, пребарувач, Јаху директориум, сервис за електронска пошта, по својот месинџер....

Основана е од Џери Јанг и Дејвид Фило во јануари 1994,а беше инкорпорирана на 01.03.1995 год. Вредноста на компанијата во средината на 2000-та изнесува околу 100 милијарди долари, да при крајот на истата година постепено вредноста почнува да паѓа. Јаху денес е продаден за 4.8 милијарди долари.

Јаху продолжува со работа под ново име Алтаба.
11.01.2017